Спасовски: Од заробена држава денес имаме слободна и демократска држава партнер на регионот и светот

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, на трибината „На прав пат“ во Кичево порача дека денес после две и пол години од преземањето на одговорноста да управуваат со институциите, можеме да констатираме колку е различна нашата држава.

„Дека државате е променета и на прав пат, треба само да го споредиме тоа време од пред 2 години кога граѓаните немаа право на слобода на говор, а денес секој слободно и храбро може да даде критика, идеа и сугестија. Од заробена држава, денес имаме комплетно сменета држава, затоа што комплетно ги променивме политиките што ја држеа заробена и денес нашата држава гради добрососедски односи, истакна Спасовски.

Потпретседателот Спасовски порача дека како држава направивме многу реформи, ги откочивме процесите и државата тргна кон правиот пат кој го заслужува.

„Многу скоро Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ќе ги започнеме преговорите за ЕУ ,иако се јавуваат дилеми кои ги слушаме од надвор, сепак одлуката ќе биде позитивна. Верувам дека искрено ќе се израдуваме на 17 и 18 и ќе го добиеме стартот за преговори“, посочи Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e