Министрите во владата на Р.С.Македонија, Оливер Спасовски и Љупчо Николовски, денеска беа во посета на рудникот за олово и цинк, Тораница каде се сретнаа со работниците и со менаџментот на рудникот.
Со новите законски измени кои ги донесе оваа Влада долгогодишните барања за бенифициран стаж на рударите станаa реалност. Рударите одат во пензија со 40 години стаж за мажи и 35 за жени. Согласно новото законско решение, оваа година првите 50 рудари веќе заминаа порано во пензија.