Со тага се присетуваме на денешниот ден, кога пред четири години Скопје беше погодено од големо невреме кое предизвика поплави во селата Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново, при што животот го загубија 22 наши сограѓани, објави на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
-Денес животот во овие скопски места е вратен во нормала, за што сведочат асфалтираните улици, исчистените речни корита и нова водоводна мрежа, а граѓаните и денес зборуваат за пружената помош, за херојството и солидарноста кои беа демонстрирани од страна на нашите сограѓани од целата држава. Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори!