Нема потреба од формирање на било каква преодна влада. Посакувам оваа да биде последната. Треба да покажеме дека не отстапуваме од организирање регуларни избори. Условите од претходната пржинска влада и сега не можат да се спредат, порача во гостувањето во Топ Тема премиерот на техничката влада Оливер Спасовски.
Тој додава дека би сакал сите постапки кои се започнати со регуларната влада, сега да бидат продолжени со техничката влада, меѓу кои и ветингот во Министерството за внатрешни работи.
-Посакувам сите постапки кои се почнати да завршат, не треба да стојат работите затоа шти има техничка влада. Би сакал ветингот да продолжи сега додека технички министер е Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Спасовски.
Во однос на реформите во јавната администрација, актуелниот министер изјави дека и покрај досегашните чекори на Министерството за информатичко општество и администрација, се уште има доста да се направи за професионализација на администрациајата.
-Треба да се направат конкретни реформи за професионализирање на администрацијата. МИОА направи чекор кон реформите. Во секој случај платата административците мора да си ја заработуваат. Доколку еден човек има иста понуда во однос на платата во приватен и државен сектор и го избере државниот, тоа значи дека таму помалку се работи, тоа мора да се промени. Системот на оценка на административците постои, тој се анализира и спроведува, проблемот е внатре помеѓу колегите во однос на необјктивно оценување, рече Спасовски.