Вечерва во дебатниот магазинот „Клик Плус“ гостува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој на прашањето за настаните од „Диво Насеље“ одговори дека треба да се испита дали тоа било организирано само за да се прекине со емитување на бомбите, кои биле пуштани во тој момент.
„Тоа беше во период кога излегуваа бомбите. Постојат индиции дека тоа било организирано за да се спречат бомбите, и тоа треба да се испита“, изјави Спасовски во „Клик Плус“.