Спасовски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се конзистентни во едно нешто – во немање на ставов

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се конзистентни во едно нешто, во немање на ставови. Јас не видов во изминатите три години тие да имаат став за било кое важно пашање освен конзистентност по тоа дека треба да ги штити криминалот и да опстојуваат режимските политики, рече вечерва Оливер Спасовски носител на листа во ИЕ 2 во емисијата „Само вистина“ потенцирајќи дека нивната неодговорност продолжи и во здравствената криза.

Јас бев сведок дека на лидерска средба Мицкоски го пренесе ставот дека тој и партијата до крај ја поддржуваат Здарвстевната Комисија и Владата во справувањето со коронавирусот, за да после два дена да обвини дека Комисијата е алатка во рацете на Владата. Такво понижување на експерти, од претседател до членовите на комисијата, кои се поставени врз основа на експертиза и улога, на луѓе кои деноноќно се борат со овој вирус, е неодговорно, појасни Спасовски.

Вирусот не треба да се сведе на борба меѓу политички партии за политички цели и поени, рече Спасовски потенцирајќи дека тие како политичари треба да се пример за граѓаните кога станува збор за свесност при почитување на мерките против пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e