Од 1 јуни 2020 ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на тековните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон Скопје, организирање на работниот процес со ротации и други слични мерки и препораки, изјави на вечерашната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски.
„Таа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа – за просторни услови, физичко растојание, носење лична заштита итн.
Ова нема да важи за хронично болните, а отстапка од оваа одлука ќе има и за родители на деца до 10 години или деца од предшколска возраст за кои ќе се чека одлука за почнување на работа на градинките“, истакна Спасовски.