Спасовски ја презеде должноста во МВР

Во МВР денеска беше извршено примопредавање на функцијата меѓу новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и досегашниот Агим Нухиу.

Спасовски кој до вчера беше технички премиер повторно се враќа на министерското место во МВР, функција што ја извршуваше до неговото назначување на претседател на техничката влада.
SpasovskiТој во јануари дојде на чело на преодната влада чија задача според Пржинскиот договор беше да ги организира предвремените парламентрани избори кои првично беа закажани на 12 април, но беа одложени поради крона кризата.

Нухиу, пак, ја извршуваше функцијата министер за вантрешни работи од средината на јули по објавувањето на конечните резултати од парламентраните избори со што истече мандатот на дотогашниот технички министер, Наќе Чулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e