Спасовски: Граѓаните ќе одлучат кој ќе се справува со здравствената и економската криза

Се виде во минатиот период колку е важно да имате функционални институции – Собрание кое ќе има контролна улога врз извршната власт, рече вечерва Оливер Спасовски носител на листа во ИЕ 2 во емисијата „Само вистина“ потенцирајќи дека нивната неодговорност продолжи и во здравствената криза.

Граѓаните е важно да ја определат судбината и одговорноста, тоа е во нивни раце, за тоа кој ќе се справува со здравствената и економската криза во следните 4 години, потенцираше Спасовски, појаснувајќи дека државата ги обезбедила сите потребни средства за заштита и истите се доставени до ДИК.

Ништо не е поопасно да одите на гласање, отколку да одите до маркет кафуле или ресторан, во банка или во автобус, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e