Спасовски: Го вративме системот кој беше срушен од Груевски, Мицкоски, Мијалков и нивните бандити

„Лицемерно е Христијан Мицкоски кој беше генерален секретар на Никола Груевски да излегува во јавноста со парола дека ќе направи обнова на Македонија“, истакна потпретседателот на СДСМ и актуелен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето обраќање на граѓанската трибина „На прав пат“ во Крива Паланка.

Тој нагласи дека тоа е само обнова на режимот, обнова на криминалот, на грабежот, обнова на се она што лошо и го направија на државата во 11 година.

„Затоа мотивацијата наша е се поголема, ќе се бориме и нема да дозволиме враќање назад, Македонија е и ќе остане на прав пат“, порача Спасовски.

„Вечерва ја праќаме силната порака дека и Крива Паланка како и цела наша татковина останува на правиот, на вистинскиот пат. Направивме многу во изминатеите 2 години. Го вративме системот кој беше срушен од Груевски, Мицкоски, Мијалков и нивните бандити кои 11 години го рушеа за да изградат режим“, додаде Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e