Претседателот на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов денеска на прес-конференција во Владата истакна со предлог-законот за употреба на јазиците, којшто веќе е во собраниска процедура, не е загрозен македонскиот јазик.
– Македонскиот јазик не е загрозен како што читаме по некои портали, туку напротив се работи за уредување на функционирањето на јазиците во Република Македонија, рече Спасов, одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на прес-конференцијата.