Спасов: Интегра на Ристески го злоупотребува имиџот на Агенцијата Рејтинг

Никола Спасов од Агенција Рејтинг преку социјалните мрежи реагираше на злоупотребата на името на Агенцијата Рејтинг, по појавата на анкети кои имаат очигледна намера да го искористат нивното име.

Според Спасов, злоупотребата ја прави Љупчо Ристески, претседател на партијата Интегра.

„Активно се споделува онлајн анкета која е поставена на доменот www.rejting.mk кој асоцира на тоа дека ја спроведува мојата „Агенција Рејтинг“. Не станува збор за наша анкета и агенцијата не е поврзана со ова. Нашиот домен е www.rating.mk. Страната е регистрирана на Љупчо Ристевски кој е претседател на партијата „Интегра“. Не е чудо што партијата е трета во рејтингот. Според она што пишува на самиот сајт кој прави забуна, станува збор за интернет анкети кои се прават на случаен избор на испитаници (посетители на сајтот), а самите резултати не се репрезентативни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e