Соумалаинен: Слободата на медиумите заживува, но има уште критични прашања

Слободата на медиумите во Македонија пополека почнува да заживува, но сепак постојат уште многу критични прашања, вели во интервју за МИА амбасадорката на ОБСЕ во заминување Нина Соумалаинен.

Тој напредок додава таа, веќе беше забележан во извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР за локалните избори минатата година, во кој меѓу другото беше напоменато дека медиумите избалансирано известувале за учесниците во изборниот процес.

Како критични ги наведе предизвиците со кои се соочува МРТ, меѓу кои и кадровските решенија и неказнивоста на криминални дела извршени врз новинари.

– Целосно свесни за потребата од подобрување на безбедноста на новинарите нашата мисија ги обедини силите со ЗНМ и МВР. Заедно ќе работиме на подобрување на безбедноста на новинарите и ќе ставиме крај на неказнивоста на криминалот врз новинари, вели Соумaлаинен.

Целиот текст на Алсат може да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e