Сосетка на Стојанче и Ивана Јовановски двапати во полиција го пријавувала семејното насилство – Добила дрзок одговор

Сосетка на Стојанче и Ивана Јовановски двапати во полиција го пријавувала семејното насилство во домот на Јовановски, но тоа завршувало со тропање по погрешни врати и закана дека ќе добие пријава за лажно пријавување.
Два пати има дојдено полиција на мој повик. Ми земаа изјава, се качија со мене заедно по спратовите да најдеме од каде доаѓа викањето и тепањето. Првиот инспектор беше коректен. Запиша дека викањето не се слуша во ходникот, туку само вертикално по становите. Провери во еден стан и замина. Вториот инспектор кога дојде беше многу дрзок, многу нервозен. Тропаше по становите и вратите, праша на кој спрат се, јас реков дека е над мене. Тропна на три стана и ми се закани дека ќе добијам кривична пријава за лажно пријавување, на што јас му реков – слободно пиши ми, сведочеше сосетката.
Претходно, денеска во Кривичниот суд сведочеше наставничката на Катја, а вчера Мартин Саздов, пријател на Ивана и Стојанче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e