Сообраќајка кај Евзони: Едно лице загина, петмина повредени

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на граничниот премин Евзони, едно лице го загуби животот, а пет други се повредени. Инцидентот се случил на третиот километар од националниот автопат Евзони – Поликастро, во регионот на Кукуш, јавува грчкиот медиум „Прототема“.

Според информациите од локалната полиција, несреќата се случила при челен судир на две патнички возила. Повредените се пренесени во најблиската болница, а нивната здравствена состојба засега не е детално соопштена.

Полицијата работи на увид и утврдување на причините за несреќата. Сообраќајот на делницата беше привремено пренасочен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e