Времето денеска ќе биде сончево и топло со температура до 36 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево и топло, со утринска температура од 13 и максимална дневна од 32 Целзиусови степени.
Топлото време ќе се задржи и во вторник, а во среда ќе дува засилен југозападен ветер со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.