Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22 степени Целсиусови, а максималната од 27 до 38.
Во Скопје времето претежно сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Под влијание на топла воздушна маса, УХМР најавува дека во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и многу топло. Дневната температура до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.
