Смена на три судии од уставниот суд на РМ

Од 9 судии на Уставниот суд, на тројца им истекува мнадатот и тоа отвора простор за сериозен тест во функционирањето и соработката на извршната и законодавната власт со Претседателот Ѓорѓе Иванов, кого ДУИ не го признава од изборот, а со  СДСМ е во „војна“ откако одби да го додели мандатот за состав на Влада и поставуваше дополнителни услови кои не се предвидени во Уставот.

Уставниот суд ќе биде првиот сериозен тест, кој треба и може да се случи наскоро, зашто судиите може да се изберат и пред 7 октомври за да може судот да работи со полн капацитет.

Ако се следи парламентарната динамика, кандидат за ова место може да се предложи и избере полесно, со внатрешен договор помеѓу СДСМ и ДУИ, наспроти двете места кои се празнат во октомври и за кои предлози треба да даде Ѓорѓе Иванов.

Професорките Гзиме Старова и наташа Габер Дамјановска, досегашните уставни судијки беа избрани на предлог на екс претседтелот Бранко Црвенковски во 2008 година, и тоа по неколку месеци одлагање, бидејќи опозицијата тогаш го бојкотираше парламентот.

Но, овој пат, не се во прашање само кадровските потенцијали кои би требало да ги заменат двете судијки кои уживаат углед и реноме, туку ќе значат и можност за нов (дис)баланс во Уставниот суд, кој до сега функционираше со мнозинство од 5 судии кои одлучуваат „едногласно“ отфрлајќи мноштво иницијативи за многу сериозни правни прашања.

Само судијката д-р Наташа Габер дамјановска ќе остане рекордер по бројот на издвоени мислења, кои се косат со ставот на мнозинството, одлуки кои беа објавувани и во Службен весник но и во посебно печатено издание.

Габер, Старова, Дарлишта и Сали Мурати беа четворицата судии кои имаа различни мислења од мнозинството што ги носеше одлуките во Уставниот суд, а што го доведе во прашање кредибилитетот и интегритетот на судот кој треба да биде чувар на уставните слободи и права и коректор на власта.

Текстот во целост прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e