Македонската делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, вчера во Љубљана се сретна со вицепремиерката во Владата на Република Словенија и министерка за надворешни и европски прашања, Тања Фајон, како и со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.
Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски остварија средба и со Емилија Стојменова Дух, министерка за дигитална трансформација која има македонско потекло.
Словенската министерка Дух на иницијатива на Николовски ќе гостува во земјава каде ќе го пренесе искуството.
-Имав чест во рамки на посетата на Словенија да остварам и средба со Емилија Стојменова Дух, министерка за дигитална трансформација која има македонско потекло. Ме радува тоа што министерката ја прифати мојата покана, да биде наш гостин и да ни ги пренесе искуствата во процесот на дигитална и зелена трансформација во земјоделството, порача Николвоски по средбата.
-Покрај успешните примери со искористеноста на ИПАРД програмата и развојот на малите семејни винарии, од нашите пријатели во Словенија ќе го црпиме искуството и за спорведувањето на дигиталната трансформација на МЗШВ, вели министерот Николовски.
Поддршката од Европската Унија за нашата држава е голема, утврди владината делегација по средбата на пријателска Словенија.

Министерот Николовски на средбата со вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања Тања Фајон разговараа за зголемување на трговска размена помеѓу нашите две земји, додекана средбата со претседателката Наташа Пирц Мусар било разговарано за младите, реформите и европската перспектива.
