Слободен печат тргна во потрага по овие нови фотографии за кои се тврди дека се од вилата на Заев. Фотографиите ги побаравме на Гугл и погодете што откривме. Истата вила, истите фотографии, се наоѓаат на неколку сајтови на грчки агенции за недвижности и таа во моментов е на продажба.
Бугарскиот портал Биг5 објави „ексклузивни фотографии од новото прибежиште на премиерот Зоран Заев“. Станува збор за ексклузивна вила на Халкидики, Грција. Порталот, повикувајќи се на тамошни мештани, тврди дека Заев редовно одел во вилата на одмор. Вилата не била купена на негово име, туку на име на неговиот брат, Вице Заев. Веста која ја објави Биг5 е непроверена и непотврдена, а истоврмено и сајтот нема соодветен импресум, така што не е познато кој работи на него. Меѓутоа, тоа не ги спречи дел од македонските портали блиски до опозицијата, оваа „мега бомба“ да ја пренесат експресно и да ја шират масовно на социјалните мрежи.
Целиот текст на Слободен печат прочитајте го тука