Владата ја усвои Информацијата за преземените активности за редовно користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за внатрешни работи-Биро за јавна безбедност, Министерството за финансии-Управа за финансиска полиција, Министерството за финансии – Царинска управа, Министерството за финансии – Управа за јавни приходи и Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање, најдоцна до 1 март 2021 година, во веб-апликацијата „Систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари“, да ги внесат односно ажурираат внесените податоци за сите кривични пријави односно извештаи за случаи на корупција и перење пари доставени до основните јавни обвинителства во периодот јануари 2019 година – декември 2020 година, за целосен увид во статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.