Следната седмица ни доаѓаат нови обилни дождови

Метео анализа на Славчо Попоски:

Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер.

Ќе наврне големо количество на дожд во текот на следната седмица во Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење и сето ова ќе услови да имаме температури над просекот за месец ноември.

Се на се, овие врнежи кои ги најавувам за следната седмица и тоа како може да создаваат проблеми и поплави во регионот, а можни поројни локални поплави се можни и во нашата Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e