Слаба е заштита за жртвите на семејно и родово насилство, најчесто мажите се сторители

Државниот завод за ревизија утврди дека системот за заштита и поддршка на жртвите на семејно и родово базирано насилство е недоволен и нефункционален.

Во извештајот се наведува дека од 52 активности предвидени со Акцискиот план, само 22 се реализирани целосно, а останатите се делумно или воопшто не се спроведени. Недонесувањето нова Национална стратегија по 2023 година дополнително ја ослабува борбата против насилството.

Ревизорите посочуваат и на недоволна инфраструктура – наместо потребните 184 легла во засолништа има само 67, а од 19 планирани советувалишта воспоставени се 11, и тоа со нерамномерна распределба по региони.

Според статистиката, мажите се десетпати почести сторители, а жените четири пати почести жртви на семејно насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e