„Скопје сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош во моментов се евакуира поради дојава за бомба.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен се испратени екипи од полицијата.

На терен е и екипа од Противпожарната бригада на Скопје со едно возило и четворица пожарникари.

Според очевидци,  во трговскиот се вклучени сите аларми и било побарана итна евакуација.

***Обновено***

“Скопје сити мол” е отворен, дојавата за бомба била лажна. Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош повторно е отворен за посетители по евакуацијата поради дојава за бомба попладнето, но продавниците се уште се затворени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e