Скопјанка ранета во нападот во Чикаго во кој беше убиен Србин

Во стравичниот инцидент што се случи денеска во преградието на Чикаго во кој беше убиен Србинот Никола Мишовиќ (30), повредена е и една 31-годишна девојка, која според српските медиуми, е скопјанка со српско потекло.

Мишовиќ, кој бил сопственик на транспортна компанија починал од добиените рани, но и поради ненавремена прва помош.

Според сведоците кои биле сведоци на убиството, ова кривично дело може да се окарактеризира и како кривично дело засновано на етничка омраза.

Убиецот Џереми Спејсер (31), кого Мишовиќ по негова молба го примил на работа вчера, претходно работел во друга фирма лоцирана во истата зграда, од каде што бил отпуштен поради недолично однесување и непрофесионалност.

– Пред фирмата на Никола „Винерс Фрејт“, возачот работел во фирмата „Форс“, чиј сопственик е Македонец. Но, поради многуте Срби кои ги сретнал во зградата и на работа помислил дека компанијата е српска, а доказ за тоа е тоа што пред да пука во Никола, тој викал по ходниците: „Мразам Срби!“ Сите сте исти…! – вели еден од сведоците кој се нашол во зградата при убиството.

Вработените во компанијата изјавија дека камионџијата тој ден се однесувал чудно и дека во комуникацијата со останатите членови на тимот зборувал лоши работи за Србите, по што го паркирал камионот и отишол во канцеларија. Откако го убил Мишовиќ, не застанал, туку отишол во фирмата „Форс“ од која претходно бил отпуштен и пукал во девојката која моментално е во болница на интензивна нега.

Според српски Тајмс, повредената девојка од Северна Македонија била погодена со три куршуми – во ногата, рамото и раката. По итната операција, лекарите успеале да и ја спасат ногата, а има уште една операција на раката, како и третман на психичка траума. Таа е од Скопје, а по потекло е од Србија.

Порталот објави дека животот на младото момче од Крагуевац би можелo да биде спасенo ако побрзо реагирала итната служба. Имено, амбулантното возило стигнало на местото 35 минути по пукањето, а момчето починало подоцна во болница.

Вооружениот напаѓач по убиството побегнал од местото, но полицијата набрзо го пронашла во близина на објектот во кој го извршил маскарот. Кога бил опколен и повикан да се предаде, осомничениот пред полицијата си пукал во глава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e