Само почитувани жени и здрави мајки може да обезбедат здрави семејства , од што зависи и понатамошниот развој на општеството“.
Ова го пишува во учебникот за граѓанско образование од 8 одделение, во поглавјето посветено на женските права. Во прилог на ова тврдење, авторите ја посочуваат Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација. Реагираше Хелсиншкиот комитет со образложение дека станува збор за погрешно толкување на конвенцијата.
Според професорот Пајазити, ова е дискриминација врз основа на здравствената состојба, бидејќи сите оние со некаков вид на попреченост не се претставени како здрави според дефиницијата на авторите. Дискриминаторската е и кон жените кои немаат или не можат да имаат деца, бидејќи тие не се мајки, а според авторитете тие се изоставени и не можат да придонесат во процесот на понатамошниот развој на општеството.
Хелсиншкиот комитет веќе поднел претставки до народниот правобранител и до просветниот инспекторат. Ова не е прв случај во предметот граѓанско образование одредени општествени појави да се прикажуваат на дискриминаторскии и несоодветен начин. Дел од тие поглавја, подоцна беа повлечени. Од министерството за образование ни одговорија дека ги разгледуваат сите забелешки на засегнатите страни во делот на учебникарството. Тие се, како што ни потврдија подготвени да соработуваат, односно да излезат во пресрет на потребите кои се во интерес на усовршување на образованието.
Извор: Телма