СКАНДАЛ: Сериозни пропусти направени од предходната Влада за одржување на УЕФА Супер купот 2017

На денешната седница на Владата констатирани се сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходната Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената Филип 2.

Со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА, задолжен е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да изнајдат начин за одржување на УЕФА Супер купот, за што, како што е најавено УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите за одржување на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e