пецијалното јавно обвинителство в петок полни две години од своето формирање, односно од донесувањето на Законот за СЈО и од изборот на Катица Јанева за специјална јавна обвинителка.
Според Законот за СЈО, Јанева в петок треба да го објави четвртиот шестмесечен извештај за работата на обвинителството и да го достави до Собранието и до Советот на јавни обвинители.
Во пресрет на извештајот, Специјалното јавно обвинителство денеска ја објави својата нова, редизајнирана интернет-страница.
Меѓу обвинетите се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ексминистрите за внатрешни работи, култура и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска, Елизабета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески и други поранешни и актуелни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.