СЈО има сведоци што ќе потврдат дека власта ги крадела изборите

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) има сведоци кои потврдуваат дека високи функционери на власта местеле избори, дознава „Мета“. Сведоците засега се заштитени и имињата ги знаат само неколку обвинители за да се заштити нивната приватност.

СЈО има сведоци кои потврдуваат дека се местеле избори. Тие ќе го урнат митот за чиста победа на владејачката гарнитура – брифира извор близок до СЈО за „Мета“.

Од Мета до СЈО е упатено прашањето дали има сведоци за случајот со изборни манипулации кои сведочат во корист на Специјалното обвинителство и кои имаат докази за изборни неправилности.

– Освен материјални, имаме и вербални докази, меѓутоа во интерес на истрагата не можеме да ви откриеме повеќе детали – се вели во одговорот од СЈО.

На 12 февруари годинава, СЈО ги осомничи поранешните министри за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на владата и други непознати лица, како сторители на кривични дела против изборите и гласањето. Ова е првиот случај за кој Специјалното обвинителство (СЈО) на Катица Јанева поведе истражна постапка, а се води под името „Титаник“. Поднесени се обвиненија и против пет судии од Управниот суд, како и против четири члена на ДИК од 2013 година.

– Во 2012 година, осомничените во својство на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски и секретар на влада, заедно со други засега непознати лица, заради опстојување на власт на партијата и заради нивни непосредни привилегии, создале група која имала цел да врши кривични дела против изборите – соопшти на прес-конференцијата обвинителката Фатиме Фетаи.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e