СЈО го презеде случајот Сопот, случајот за загинувањето на припадниците на НАТО

Случајот „Сопот“ во последниот ден од истекот на рокот стигна во рацете на СЈО. Адвокатите денеска биле информирани дека Катица Јанева е надлежна за случајот. Одлуката била донесена на 10 јули, но на адвокатите дописот им бил доставен денеска. На следното рочиште кое ќе се одржи на 18 септември „Сопот“ во Основниот суд Скопје 1 ќе го застапува СЈО.

„По барање на Обвинителството за гонење на криминални дела кои произлегуваат од нелегалното прислушување, на 5 јули Обвинителството за организиран криминал и корупција го предаде предметот за случајот Сопот. По разгледувањето на предметот, на 10 јули Обвинителството донесе одлука дека е надлежно за случајот Сопот.“ – соопштија од СЈО

Адвокатите очекуваат дека СЈО ќе го повлече обвинението и предметот поради кој со години беа затворени жители на селото Сопот ќе биде затворен за неколку минути.

„Мислам дека на првото рочиште СЈО ќе го повлече ова обвинение кое веќе е докажано со прислушуваните разговори кои беа објавени јавно, дека овој случај е монтиран. Но и пред ова, ние имавме парламентарна комисија која констатираше дека исказот на Рамадан Бајрами е даден под физичко насилство.“ – изјави Насер Рауфи, Адвокат

Случајот „Сопот“ датира од 2003 години кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Загинаа двајца полски војници и еден државјанин на Македонија. 11 лица од селото беа осудени на затвор, но од прислушуваните материјали објавени во 2015 се покажа дека пресудата била донесена без силни докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e