Апелационите судии денеска продолжија да разгледуваат жалби од десетиците обвинети во предметите на Специјалното обвинителство, кое инсистира на притвор и за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски кој со две кривични дела е обвинет во предметот Т.Н.Т за рушењето на објектот Космос. И за ова лице беа изнесени сомнежи дека може да избега од земјава, затоа што е на крај од мандатот и му се заканува затвор од најмалку пет години. Но, Трајковски уверува дека не сторил ништо незаконски и дека нема да бега.