Синоќа Таравари пратил инспекции во неколку клиники. Што е констатирано?!

Информираме дека синоќа во вечерните часови, по насока од министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и претставници од кабинетот на министерот за здравство беше извршен вонреден инспекциски надзор во: Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Ургентен центар, Трауматологија, Ортопедија и Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.

Цел на надзорот:
-континуитет во одржување на општите санитарно-хигиенски и санитарно-технички услови во објектот;
-почитување на работното време, континуирана покриеност на приемните амбуланти за итни случаи,
-почитување на Законот за заштита од пушење,
-контактирани по случаен избор пациенти во однос на етички и професионален однос на здравствените работници.

При надзорот на Клиниката за гинекологија е констатирано дека општата санитарно-хигиенска состојба не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно.

Во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, општата хигиенско-санитарна состојба е релативно добра, за разлика од Трауматологија каде општата хигиенско-санитарна состојба не е на задоволително ниво.

Министерството за здравство веднаш презема мерки за отстранување на констатираните недостатоци, информираат од министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e