Симовски: Глупост е што бојкотираа попис зошто некој така им рекол, 132.000 не се попишани теренски, туку по регистар

Не стивнуваат политичките реакции откако Државниот завод за статистика два дена по објавувањето на податоците од пописот направи корекција на дел од резултатите од пописот и откако беше објавено дека 132.000 граѓани не се попишани теренски.

-Тоа се неопфатени лица со теренскиот попис. Имавме попис по законот кој предвидува комбиниран метод на теренско попишување и преземање на податоци од регистарот. Овие лица од најразлични причини не беа попишани теренски. Не е спорно, голема е бројката. Но методот кој го користевме ни даде можност да ги опфатиме и овие лица, рече Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика во гостувањето во Утрински брифинт.

Тој зборуваше за причините поради кои теренски не беа попишани овие 132.000 лица.

– Масовно кон крајот на август се отиде по плажите, и тоа е период на исклучителни активности во земјоделието поради кои дел од лицата не беа најдени дома или одбиваат доцна да се попишат. Но имаше и активен бојкот кога јавно се повикуваа граѓаните да не се попушуваа, но и пасивен бојкот кога не терен се делуваше пописот да не успее. Имавме и ковид, еден дел отидоа по одмори, млдите по журки и луѓе не отвораа врати од страв од коринавирусот и има многу фактори кои влијаеја за одбивање на пописот. За овие лица преземавме податоци од регистарот, тие се опшфатени, не останаа непопишани, дециден е Симовски.

Тој се осврна и на политичките партии кои повикуваа на бојкот и поради што голем број од граѓаните при теренскиот попис не им отворија врата на попишувачите.

-Политичките субјекти имаат свои агенди и делуват популистички и сакаат да соберат политички поени. И такви реакции очекувавме. До последната точка и запирка е спроведен пописот по определната методологија, одговорно тврдам. Јас од старт кога се најавуваше бојкот говорев да не подлегнуваат на вакви притисоци зошто за нив ќе земеме податоци. Ги предупредивме да не го прават тоа, рече Симовски.

Наспроти овие реакции, нема дилема дека пописот е спроведен по сите европски и светски стандарди.

-Не чувме ниту една реакција дека операцијата е спроведена надвор од стандардите. Ова не е институција сега што сме ја формирале. Тоа е институција во која работат професионалци и својата работа ја заврши најчесно и најкоректно. Посветено работеа и максимално се ангажираа, рече Симовски.

Директорот на ДЗС се осврна и на работата на попишувачите на теренот кои максимално се залагаа да ги попишат граѓаните со својот сектор и по повеќе пати се навраќаа на иста адреса за да проверат дали некој живее.

-Зависи од ситуација. Во одредени ситуации многу пати се враќаа да ги проверуваат податоците. Се прашуваше и по соседите дали е тоа празен стан или некој живее. Има отстапување од стварна адреса до дефакто адреса. Попишувачи оставаа замолница со телефонски број за да се јават граѓаните да побараат да се попишат. Не можеме со сила да влеземе во станови во кои се слуша дека има некој, а во други отвараа врата и ја затвораа. Треба да се знае дека ова се податоци кои треба да им послужат на сите институции во државата, не само на државните, туку на бизнис секторот, здравството, образованието па и локалната самоуправа, рече Симовски.

Во однос на одговорноста која сега многу се коментира заради тоа што голем број граѓани останаа теренски непопишани, Симовски рече:

-Глупост е да се бојкотира, зошто некој така им рекол. Одговорноста треба да се бара кај тие кои правеа се да ги убедат овие луѓе да не се попишат. Имаше можност да се дадат податоците. Не сокривме ништо, кажавме чесно дека за толку лица не се прибрани податоци од теренот туку се попишани по регистрите. Сега коментарите се токму од тие кои ја имаат мувата на капата. Оние истите кои правеа се да не успее пописот. Ние прифаќаме критики, не бегаме од таа работа. Меѓутоа не дозволуваме некој да критизира, со комплетно неточни и паушални информации. Може само да се критикува, рече Симовски.

Симовски се осврна и на еден случај кој излезе во јавност кога граѓанин од оваа категорија бил попишан како вдовец, а тој бил во брак.

-За брачна состојба не преземавме податоци зошто тоа е променлива категорија. Може да тече бракоразводна парница, може некој да живее со друг партнер во заедница и затоа не преземавме вакви податоци. Тоа е намерно смислена лага за да се манипулира јавноста, дециден е Симовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e