Flagman.Bg пренесува брутални детали за убиството во Сончев Брег. Егзекутираниот е 50-годишниот македонски државјанин Игор Николовски.
Суровото злосторство го извршил вчера 14-годишниот Михаил Х., кој со семејството живее во Сончев Брег. Тој ја нападнал својата жртва со дрвен колец. По смртоносните удари во главата, малолетниот убиец го однел телото на шумска површина во просторот на ресторанот „Бачвата“ и го сокрил со даски. Но, полициските службеници многу брзо го пронашле и трупот и сторителот.
Според информации од познаници, убиството се случило откако повозрасниот маж навестил интимна врска со малолетниот Михаил. Двајцата се сретнале во Сончев Брег, по што Македонецот на 14-годишното момче му понудил забава. За време на состанокот предложил да одат на некое позатскриено место. Малиот се налутил, зел дрвен кол и почнал да го удира по глава. Неколку удари биле доволни да го убие на лице место.
Но, од полицијата се уште не потврдуваат дали тоа е вистинската причина за злосторството. Тие работат на сите верзии, вклучително и грабеж. Останува да видиме кои биле мотивите на Михаил. Тој важел за доста проблематичен, луѓето околу него имале и криминални досиеја.
Доколку биде прогласен за виновен, 14-годишниот Мишо ќе биде во затвор до 5 години, бидејќи е малолетник.
Flagman.bg дознава и дека Игор со години живеел во Сончев Брег, се пријавил за привремен престој во Бугарија. Последен пат во Бугарија влегол на 24.01.2024 преку граничниот премин – Гуешево. Има наоди за педофилија, но се работи на расчистување.
