Кандидатот за претседател, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска беше во посета на општина Гази Баба каде што оствари средба со жителите на општината.
На средбата Сиљановска Давкова изрази огромна благодарност за укажаната доверба од страна на граѓаните на првиот круг од претседателските избори.
Сиљановска Давкова ги повика сите граѓани на Република Македонија да излезат на вториот круг од претседателските избори на 5 ти мај и повторно да и ја дадат поддршката се со цел да ги поразат сите ненародни и штетни политики кои ги спроведува владата на СДСМ и Зоран Заев.