„Христијан Мицкоски во својот тим ангажираше и личност која се претставувала како исцелител. Лазар Јовевски е стратешки соработник на Мицкоски од областа на трудовото право. Истиот Лазар Јовевски своевремено му асистирал на самопрогласениот исцелитет и јасновидец Тино Кајшаров“, рече Гордан Шутаров од СДММ во изјава за медиуми.
Шутаров: Груевски ангажираше гатачки, сега Мицкоски исцелители
Шутаров смета дека ништо не е сменето во опозициската партија, односно Груевски ангажираше гатачки, а Мицкоски сега исцелители. Тој исто така се осврна и за членовите на партијата Гордана Сиљановска и Игор Дурловски.
„Ако Гордана Сиљановска е за поништување на Договорот од Преспа, ако за неуспешниот претседателски кандидат за Злбанците нема место во Република Северна Макеоднија, тогаш не може да се очкува ништо европско и прогресивно од ВМРО-ДПМНЕ.