„Јавниот превоз не смее повеќе да биде проблем за граѓаните, туку мора да се изнајде функционално решение,“ порача кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во интервју за „Јавниот превоз не смее повеќе да биде проблем за граѓаните, туку мора да се изнајде функционално решение,“ порача кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во интервју за Радио Слободна Европа, се вели во соопштението од СДСМ.
Шукова нагласи дека во нејзината програма постои конкретен и подготвен проект за воведување на БРТ системот (брз автобуски превоз), кој четири години чека на реализација.
„Проектот е обезбеден, има финансирање, и ако веднаш се распише тендер, во рок од една година може да почне реализацијата,“ истакна таа.
Според неа, БРТ системот ќе биде срцето на новиот еколошки јавен превоз, а паралелно со него ќе се набават 100 нови автобуси кои ќе ги поврзат сите делови на градот.
„Време е граѓаните да почувствуваат дека градот работи за нив, дека јавниот превоз е достапен, еколошки и современ,“ додаде Шукова.
Вели дека борбата против загадувањето мора да биде системска, но и реална.
„Ова не е процес што се решава преку ноќ, но можеме да започнеме со мерки кои веднаш ќе дадат резултати,“ порача таа во интервју за РСЕ.
Во интервјуто, Шукова најави филтри за оџаците на домаќинствата, што градот би ги донирал на 5.000 до 10.000 семејства уште во првата година.
„Тоа е краткорочна мерка со која ќе ги задржиме ПМ честичките и ќе го намалиме загадувањето на воздухот,“ објасни таа.
Покрај тоа, БРТ системот, решавањето на отпадот и воведувањето на селекција на отпад се дел од пакет мерките што ќе овозможат Скопје да стане поздрава средина.
„Секој има своја улога и градот, и граѓаните. Ако сите вложиме дел од одговорноста, резултатите ќе ги видиме уште во првите години,“ истакна Шукова.
„Скопје мора повторно да дише. Зеленилото не е луксуз, туку услов за здрав град,“ изјави Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, во интервју за Радио Слободна Европа.
Во својата програма, Шукова најавува „15 паркови за 15 месеци“, што вклучува ревитализација на постојните паркови и изградба на нови зелени површини во најурбанизираните населби.
„Веќе имаме мапирано локации – паркот во Карпош, покрај Вардар, паркот во Аеродром и други делови на градот каде што зеленилото мора да се врати,“ рече таа.
Шукова објасни дека дел од старите дрвја мора да се заменат со нови садници, согласно препораките на шумарските инженери.
„Не станува збор за сечење, туку за обновување. Скопје заслужува модерен, зелен град кој ќе им припаѓа на сите генерации,“ порача таа.