Што велат експертите за средбата Димитров – Коѕијас

Средбата која е најавена за утре, четврток, меѓу шефот на дипломатијата Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕијас е мерка за градење на доверба меѓу земјите, оценува универзитетскиот професор, Никола Дујовски. Таквите средби, според Дујовски, секако дека еден ден ќе водат кон конечно решавање на спорот околу името.

Според политичкиот аналитичар, Агим Јонуз, средбата е позитивен чекор, но дека не е доволна. За решавање на проблемот потребно е Македонија да биде признаена како рамноправен партнер од страна на Грција. Според него, ние сме тие што сакаме да го решиме проблемот, за разлика од грчката страна која нема интерес да го промени својот став.

Се очекува Коѕијас да пристигне во Скопје со автомобил, преку Солун. Оваа маршрута е одбрана со цел да се избегне користењето на скопскиот аеродром, кој од 2006 година го доби името „Александар Велики“, предизвикувајќи остри реакции на Атина која ја обвинува Македонија за узурпирање на историјата.

Извор: Алсат М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e