Петмината управни судии кои останаа без имунитет не смеат да носат одлуки за евентуални приговори од локалните избори во октомври, порачуваат дел од првосудните експерти. Постои можност да бидат исклучени од таквите приговори, доколку Претседателот на Управен суд или Судскиот совет имаат волја за тоа смета поранешниот претседател на Уставен суд, Трендафил Ивановски.
„Со самото тоа што го одземал имунитетот веќе превагнува дека судскиот совет ја искажал определбата да не работат за предмети за изборите. Тоа е сомневање дека вршеле злоупотреба за изборите, прифаќајки го сомнежот дека е можно им го одзел имунитетот“, вели Трендафил Ивановски.
Иако вчера во телефонски разговор за ТВ 24 претседателот на Управен Бурим Сејдини категорично потврди дека тој нема никакви ингеренции за да ги ограничи во нивната работа, поранешниот судија Дане Илиев го тврди спротивното. Според него, претседателот на Управен е тој кој го прави распоредот и може да ги изземе од евентуални приговори за изборите.
Сепак за Ивановски уште поголема грижа е претседателката на Вишиот управен суд Лидија Иваносвка , која е обвинета во Титаник 2 и остана без имунитет.
„Претседателот на вишиот суд ја има ингеренцијата да не допушти тоа да се случи, но гледате како доаѓа до судир самата потреба од реформа. Дури и судиите на кои им е одземен имунитетот да не работат на вакви предмети, во нивни интерес“, вели Трендафил Ивановски.
Одлуката на Судскиот совет за одземање на имунитетот на петмината судии беше големо изненадување за јавноста, но го занеме и претседателот Зоран Караџовски кој од тогаш не комуницира со медиумите. Токму Караџовски минатата година тврдеше дека не смее да биде одземен имунитет на судии, и тие не смеат кривично да одговараат затоа што донеле некаква одлука.
На судискиот имунитет се повикувале и судиите кога биле на распит во СЈО. Но, судијакта од Кривичниот суд, Верка Петковска која треба да го оцени обвинението реши да ги тргне дилемите и побара мислење од Судскиот совет.
Додека во јавноста се полемизира за етиката и моралот на судиите во пресрет на изборите, Петковска треба да одлучи дали ќе го прифати обвинението и со тоа судиите ќе се соочат со правдата, на иста обвинителна клупа со лидерот на ДПА и четворица членови од ДИК.
Извор: 24ТВ