Основното јавно обвинителство во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и во медиумите беше објавено видео на кое се гледа како две момчиња тепаат девојка.
На видеото што се појави на социјалните мрежи се гледа како тие се изживуваат врз девојка, ја клоцаат и ја навредуваат.
Според Кривичниот законик, тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.