Шоле доби македонски дрес – подарок од Ковачевски

Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утрово пристигна во Скопје. Пред македонската Влада тој беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски. На средбата Ковачевски на Шоле му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација со неговото име.

Дерек Шоле од Скопје ја започнува својата балканска турнеја. Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e