Според Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по завршувањето на функцијата, на Ѓорѓе Иванов му следуваат:
– пензија чиј износ е еднаков на платата што ја прима претседателот;
– канцелариски простор и најмногу до три стручни лица
– лично обезбедување
– службено возило и возач
– учество на државни свечености и манифестации редоследно по претседателот на државата, претседателот на Собранието, претседателот на Владата и претседателот на Уставниот суд.
Членот 7 од Законот вели дека „може по негово барање да му мируваат правата утврдени со овој закон“. Ниту еден поранешен претседател досега не ја активирал оваа законска опција.