Шкријељ: Нашата агенда е продолжување на реформите кои ги започнавме

Нашата агенда е продолжување на реформите кои ги започнавме. Од грижа за децата, до зголемување на платите, подобар живот за младите и секако пензионерите.

-Реформите кои ние во секторот труд и социјала ги донесовме влијаеа на менување на животот на најранливите, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Санела Шкријељ од коалицијата „Можеме“.

-Имаме над 600 лица кои биле во системот на социјална заштита, а сега се вработени. Единствен излез од сиромаштијата е вработувањето. Ние субвенционираме вработувања, резултатите се охрабрувачки и продолжуваме на патот на социјалната реформа, вели Шкријељ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e