Шилегов за ТВ 24: Целото уредување на центарот во Скопје чинеше 33.2 милиони денари, а не само тревникот

Во денешното гостување во Отвореното студио на 24 анализа градоначалникот Петре Шилегов ја објасни ситуацијата со моното продолжување на вонредната состојба и истакна дека градот Скопје ги следи препораките и насоките преку министерството за здравство и комисијата заразни болести и не влечат ниту еден самостоен потег.

„Немаме избор доколку сакаме да ја задржиме нормалноста и да не даваме лажна надеж на граѓаните дека вирусот ќе помине така брзо. Како ќе се имплеметираат мерките за олеснување, така и ние ќе се прилагодиме особено мерките за транспорт. Нема да го исклучиме јавниот транспорт од тие мерки. Мојата сугестија која знам дека ќе биде уважена е дека олеснувањето на движењето мора да го следиме институционално. Во пиковите на болеста, светските метрополи ги сопреа во целост услугите на јавниот транспорт. На мое барање беше корекцијата на полицискиот час. Не можевме да го организираме јавниот транспорт тогаш и затоа се помести полицискиот час од 5 часот наутро.“ – рече Шилегов.

Во врска со реакциите во јавноста кои се појавија по уредувањето на центарот на градот и платената цена за тревникот, Шилегов објасни дека таа сума не е точна.

„Зафатот на плоштадот е најавен во септември 2019 и 33.2 милиони денари и тоа договор објавен во јавни набавки и во тие пари влегуваат плочникот во целост, уредувањето, канделабрите, зеленилото, урбаната опрема. Плочникот е предмет на јавни пари, тоа се тие 33.2. милиони денари и тука се корпите, канделабрите, клупите. Јавната набавка е спроведена во јуни 2019 и во септември започна реализацијата.“ – рече Шилегов.

Шилегов рече дека уште лани цената јавно била изнесена во јавноста и една фирма била ангажирана за изведба на реализацијата. Потенцираше дека опозицијата е немоќна да одговори на ситуацијата и се спинува дека само тревникот чинел 33 милиони долари. Градот Скопје плати за плочникот, а не тревникот, рече Шилегов.

Шилегов реагираше и на селфито на потпретсетателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Ова е шалабајзер, шарлатант, затоа што од функција на потпретседател на политичка партија, да правиш селфи и да тврдиш дека тревата чини 538 илјади евра, тоа е хохштаплер класичен, неписмен примитивец, од секој аспект, кој пробува со лаги да ќарува политички поени.“ – рече Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e