Шилегов: Во добра кондиција се вело-патеките во Град Скопје

Се додека не излезете од матрицата на евтиниот популизам нема реформи, му порача Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје и член на Кризниот штаб, во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ 21 својот опонент Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Град Скопје во периодот до 2017 има градено во просек 3.5 км велосипедски патеки годишно. Во 2018 и 2019 година изградени се 12.5 км велосипедски патеки со цел поттикнување на алтернативниот начин на урбан транспорт. Тоа е мерливо. Во добра кондиција се километрите за алтернативен сообраќај, информираше Шилегов.

На паушалните обвинувања од Неловски Шилегов одговори со приказ на веб-мапата на вело-патеките во Скопје.

Не ретко одам со велосипед или тротинет до работа. Јас бев промотор на електричните тротинети кога вие си теравте мајтап, рече Шилегов.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e