Шилегов: Поставувањето панорамски лифт е исто со ГТЦ во барок, проектот ќе се откаже

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов смета дека во Градскиот трговски центар (ГТЦ) не треба да има панорамски лифт, оти тоа е исто како и да добие барокна фасада. Шилегов денеска одговарајќи на новинарско прашање зошто дозволил во ГТЦ кој е симбол на Скопје, да се гради лифтот, за кој архитектите рекоа дека е дивоградба и го сквернави трговскиот, рече дека Град Скопје, за жал, нема ингеренции во ГТЦ ниту пак панорамскиот лифт бил дел од проектот за зелен покрив, пренесе СДК.

„Јас лично не се согласив со таквото решение на управата на ГТЦ и тоа во разговор со директот го истакнав и побарав тие активности да престанат. Колку што сум јас информиран, тие се престанати и ќе се откаже тој проект токму поради тоа што не можете да имате двојни аршини кон ГТЦ. Имате аршин дека го сакате ГТЦ и ќе се обидете да го сочувате како дел од условно кажано културно-историско наследство на нашиот град или ќе влезете во негов барок. Дали ќе правите фасада барок или панорамски лифт е сосема сеедно, ако не го направите на начин на кој треба да го направите. Овдека не беше запазена минимум постапката и ја тоа многу јасно и гласно му го кажав на директорот“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e