Шилегов со остри напади кон Зврлевски

Пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов на денешната расправа за разрешување на Марко Зврлевски, од собраниската говорница упати остри критики за работењето на Јавниот обвинител и го обвини дека им служел на криминалците и станал „послушник на МВРО-ВМРО“.

„Јавниот обвинител е доказ, за жал, дека нешто што треба да биде врв на една политичка кариера станува дно затоа што е човек којшто не успеа да ја одбрани Република Македонија од криминалците. Затоа што им служеше на криминалците и стана послушник на МВРО-ВМРО. Во Македонија и истрагите и истражните дејствија и судењата ги вршеше една личност, криминалец. Половина од вас кои што сте на истрага од професионалните обвинители немате пасоши и досадно ви е немате кај да идете ова лето, па сакате да не држите тука, но ние сме подготвени и да не одиме на одмор оваа година. Вие Зврлевски не успеавте да ја сочувате Македонија од политичарите од оваа лева страна кои се криминалци какви што ги нема родено ова земја, вие сте непосреден асистент и прикривач на организираната банда на ВМРО-ДПМНЕ која што го организираше нападот на 27 април“, рече Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e