Поради ригорозните мерки кои беа благовремено превземни имавме благ пораст на заразените. Ерозијата започна кога најодговорниот орган, министерот за внатрешни работи Чулев изјави дека нема намера да ги казнува граѓаните за неносење на заштитни маски. Тоа комбинирано со опуштањето на мерките доведе до масовно непочитување на Уредбата со законска сила за граѓаните да носат заштитна лична опрема, појасни Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје и член на Кризниот штаб, во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ 21.
Имавме неколку настани на групно собирање, потсети тој.
Светот ја одложи Олимпијата, Папата држи миса во празна црква, за прв во Исламот за Бајрам се е затворено. Не гледам зошто би било поразлично. Досегашното искуство со однесувањето на верските заедници во земјава не е баш позитивно. Зошто е тоа така, не е мое да судам, порача Шилегов потенцирајќи дека кога е здравјето на граѓаните во прашање потребен е унифициран став.
Во определена фаза кога ја надминавме здравствената криза имавме изјави од одредени структури кои се дел од техничката влада и поведенија кои предизвикаа лажен впечаток. Ова не е надминато, ќе трае уште најмалку една година, појасни Шилегов.