Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово.
Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г).
Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а
регистрирани се и 32 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови во Скопје-13, Куманово -25, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево-1,
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица.
Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 329
Куманово – 236
Дебар – 49
Штип-28
Прилеп –85
Тетово – 38
Струга – 43
Велес – 34