“Сите сме добри! Ви благодарам на сите што се јавивте и не мислевте. Сме имале многу среќа во несреќа!” – напиша Шекеринска на својата фејсбук фан страна.
Инаку утринава, на магистралниот пат Гевгелија-Демир Капија, каде поради градбa на патот се вози само во една лента, девојка од Гевгелија се обидела непрописно да претекне камион и изгубила контрола врз возилото, удрила во заштитната ограда а потоа и во автомобилот на Шекеринска.